Легализирани се 750 дивоизградени објекти во Неготино, информира Снежана Цветкова, раководител на одделението за урбанизам и животна средина при неготинската општина. Поднесени се околу две илјади барања за легализација на дивоизградени објекти во минатото. Повеќето од нив се во постапка на разгледување. Има и такви што се одбиваат. Одбивањето е поради разни основи. Така, на пример, за некои објекти Советот не донесува одлука поради нивно невклопување во урбанистичкиот план. За други, пак, легализацијата не е можна поради тоа што објектот не е градежна функционална целина, вели Цветкова. Има и такви случаи кога постапките за легализација се прекинати поради некои нерасчистени односи, на пример, имотно-правен спор. Таму се чека на решавање на проблемот кој ја кочи легализацијата.
Легализирани се 750 дивоизградени објекти во Неготино, информира Снежана Цветкова, раководител на одделението за урбанизам и животна средина при неготинската општина.
- Поднесени се околу две илјади барања за легализација на дивоизградени објекти во минатото. Повеќето од нив се во постапка на разгледување. Има и такви што се одбиваат. Одбивањето е поради разни основи. Така, на пример, за некои објекти Советот не донесува одлука поради нивно невклопување во урбанистичкиот план. За други, пак, легализацијата не е можна поради тоа што објектот не е градежна функционална целина - вели Цветкова.
Има и такви случаи кога постапките за легализација се прекинати поради некои нерасчистени односи, на пример, имотно-правен спор. Таму се чека на решавање на проблемот кој ја кочи легализацијата.